Во јануари и февруари најмногу сме тргувале со Германија, Британија, Грција, Србија и Италија
Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија се државите со кои најмногу сме тргувале во првите два месеца од годината.
Државниот завод за статистика денеска објави дека во овој период вкупната вредност на извозот на стоки изнесувал изнесува 58.104.882 илјади денари и бележи пораст од 6,8 проценти во однос на истиот период лани, а вредноста на увезената стока изнесува 76. 641.783 илјади денари, што е за 9,3 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Трговскиот дефицит изнесува 18.536.901 илјадa денари и покриеноста на увозот со извозот изнесува 75,8 отсто.
Изразено во евра, извозот изнесувал 944.181 илјада евра и бележи пораст од 6,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот бил 1.245.393 илјади евра, што е за 9,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Трговскиот дефицит бил 301.212 илјади евра.
Гледано во долари, извозот во првите два месеца од годината бил 1.075.052 илјади американски долари и бележи пад од 1 процент, а увозот изнесувал 1.416.730 илјади долари, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Трговскиот дефицит бил 341.678 илјади долари.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО