Во Харков ќе биде изградено првото подземно училиште
Харков, вториот по големина украински град, ќе го гради првото целосно подземно училиште, со цел да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади, најави градоначалникот на тој град, што воедно ќе биде и прв ваков објект во земјата.
„Таквото засолниште ќе им овозможи на илјадници деца во Харков да го продолжат своето безбедно образование „лице в лице“ дури и за време на ракетни закани“, објави градоначалникот на Харков Ихор Терехов на апликацијата Телеграм.
Новото училиште ќе ги исполни „најсовремените регулаторни барања во однос на заштитните структури“, тврди Терехов, од чии изјави не е јасно колкаво ќе биде училиштето и кога ќе се отвори.
Додека многу училишта во регионите во близина на фронтот беа принудени да одржуваат настава преку Интернет за време на војната досега, Харков организираше околу 60 посебни училници во станиците на метрото пред почетокот на учебната година, која започна на 1 септември, создавајќи простор за учење за повеќе од илјада деца.
Ново на Сител
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени