Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар
Грчките власти уапсија десетици лица осомничени за подметнување пожар додека шумскиот пожар, најголемиот во последните години во Европската унија, беснее низ земјата, јавува Си-Ен-Ен.
Грчката полиција уапси 79 лица под сомнение за подметнување пожар, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис за јавната телевизија ЕПТ.
„Ова што се случува не само што е неприфатливо, туку и бизарно и криминално. Правите злосторство против државата. Нема да бидете поштедени. Ќе ве најдеме и ќе одговорите“, изјави грчкиот министер за климатска криза Василис Кикилијас, пренесува РТС.
Со изгорени повеќе од 73.000 хектари, пожарите во Александрополис официјално се најголемите пожари регистрирани досега во Европската унија, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.
Низ Грција, шумските пожари досега уништија 1,3 милијарди квадратни метри (130.000 хектари), што е рекорд на ЕУ, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.
Шумските пожари во планината Парнита, северно од Атина, се уште се надвор од контрола, а во текот на ноќта се уништени повеќе шуми.
Најголемата огнена линија на фронтот во Грција е во близина на североисточниот град Александрополис, во регионот на Еврос.
Ново на Сител
-
Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор
-
Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за нови велосипеди
-
Украински медиуми: Рускиот генерал Кирилов е убиен од СБУ
-
Протест на родители пред ООУ „Љупен Лапе“ во Аеродром, бараат да се реши проблемот со небезбедната крстосница
-
Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош
-
Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган