Македонија
3. January 2021 - 17:17

Во Градско - Велес приведени три лица кои нападнале полицаец во угостителски објект

Вчера во 18.20 часот во Градско - Велес биле приведени З.Д.(46) од Градско и З.Ж.(38) од Кавадарци, бидејќи во угостителски објект агресивно се однесувале кон полициски службеник кој вршел службени дејствија, соопштија од МВР.

Имено, З.Ж. го спречувал полицискиот службеник во преземање на службени дејствија, а З.Д. физички го нападнал.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.