Во Гевгелија јавна дискусија за мигрантите

Во рамки на проектот „Глокал Дискусии“ денеска во Гевгелија се одржа јавна дискусија на тема „Мигрантите не се само бројка“ што ја организираше здружението „Диверзити медија“ со панелистите професор Ленче Здравкин и новинарката Сузана Мицева.
Јавната дискусија беше отворена за публиката со цел, како што нагласија организаторите, да им се даде глас на сите да го изразат своето мислење за теми битни за целото општество, затоа што граѓаните имаат ретка можност лично да присуствуваат на актуелни теми со претставници на интелектуалната, академската и експертската јавност на Македонија, а уште помалку добиваат шанси да почувствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови.
- Заради подобрување на состојбата со слободата на говор и поттикнување повеќе дебати и дискусии со кои ќе се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, започнавме со проектот во кој покрај денешнава на уште 11 јавни дискусии ќе се обидиме да создадеме повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво. На граѓаните на цела Македонија ќе им дадеме можност да се изразат и да придонесат за овие теми, рече Назим Рашиди, член на здружението „Диверзити медија“ и новинар во Алсат-М телевизија.
Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града во периодот до август 2016 година. Од нив ќе бидат изработени 12 медиумски производи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми и проблеми во две различни средини.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
-

Мицкоски: Темелот е поставен, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати
-

Талент од Македонија меѓу најдобрите на „Пјер Карден“ во Париз | Марија Роглева | Sitel Podcast 120
-

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс
-

Бројот на жртви во полициската операција во фавелите во Рио де Жанеиро се искачи на 121
-

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
-

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018
-

Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси
