Во Германија уапсен лекар кој регрутирал борци за ИД
Јавното обвинителство во Карлсруе нареди апсење на германски лекар кој е осомничен за регрутирање на борци за терористичката организација Исламска држава, јави дописникот на МИА од Берлин.
Лекарот, кој е на возраст од 33 години, според истрагата, со користење на пропагандни видеа влијаел на радикализација на 24-годишен бомбаш-самоубиец, кој лани во мај во северен Ирак извршил самоубиствен напад во кој загинале 12 ирачки војници.
Самоубиецот, според полицијата, имал историја на психичка нестабилност, поради што во време кога двајцата живееле во Фрајбург бил лесна цел за регурутација.
За време на претресот на домот на лекарот во Мајнхајм, биле пронајдени оптички нишани за огнено оружје, мобилни телефони и други електронски направи.
На лекарот ќе му се суди за субверзивни активности против државата и за поттикнување тероризам.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир