Во Германија никогаш немало помалку млади луѓе на возраст од 15 до 24 години
Младите на возраст меѓу 15 и 24 години сочинуваа само десет проценти од населението во Германија на крајот на минатата година, најмалку во последните седум децении.
Од 1950 година, кога почнало да се води евиденција, најголем процент на млади на возраст од 15 до 24 години имало во 1983 година, кога тие сочинувале 16,7 отсто од населението, пишува денеска Дојче веле. Бројот на млади луѓе оттогаш постојано се намалува, со исклучок на 2015 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика во Визбаден. Денес, меѓу германските покраини има доста големи разлики во однос на бројот на млади луѓе на возраст од 15 до 24 години. Најбројни се во Бремен, 11 отсто, а најмалку се во Бранденбург, осум отсто.
Во источногерманските покраини Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија нивното учество од 8,3 отсто е значително под просекот, додека покраините Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија сè уште се над просекот со по 10,6 отсто.
Неодамна објавената студија за главните преокупации на младите во Германија покажува дека нивните животи се обележани со кризи. Анкетираните млади луѓе како нивни најголеми грижи ги навеле војната во Украина (68 проценти), климатските промени (55 проценти), инфлацијата (46 проценти) и поделбите во општеството (40 проценти).
Студијата, исто така, укажа на катастрофалното влијание на антипандемиските мерки врз нивното ментално здравје, а трите работи што најмногу ги мачат младите Германци се стресот (45 проценти), безволноста (35 проценти) и исцрпеноста (32 проценти). Дури 27 отсто од младите Германци зборуваат за депресија, 13 отсто имаат чувство на беспомошност, додека седум отсто од испитаниците изјавиле дека размислувале за самоубиство.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци