Македонија
10. August 2021 - 10:06

Во гасењето на пожарите од земја и од воздух вклучени 1500 припадници на Армијата

Во изминатите десетина дена од избувнувањето на пожарите, 1500 припадници на Армијата се вклучија во справувањето со огнената стихија.

Детални информации за ангажманот на армиските припадници од земја и од воздух, соопштија од МО, денеска ќе бидат соопштени на прес конференција во Центарот за обука на пилоти, касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец.

Прес конференција ќе одржат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, бригадниот генерал Бесник Емини, командант на Командата за операции на Армијата и полковникот Стојко Пејовски, командант на Воздухопловниот ВИНГ.