Во Ерусалим уапсени петмина Евреи поради плукање на христијани

Израелската полиција денеска уапси пет ортодоксни Евреи осомничени дека плукале по христијанските верници во Стариот град во Ерусалим.
На видеото објавено пред два дена, може да се види како група христијани ја напуштаат црквата носејќи дрвен крст и поминуваат покрај група религиозни Евреи, а некои од нив плукаа на земја во правец на христијаните.
– Тоа е апсолутно за осуда. Мора да се прекине. Ние сме против тоа, изјави израелскиот министер за полиција Итамар Бен-Гвир, при тоа додавајќи дека мора да престане и „клеветењето на Евреите“.
Според израелските медиуми Бен-Гвир пред да стане политичар го оправдувал плукањето по христијаните „како древен еврејски обичај“.
Инцидентот го осуди и премиерот Бенјамин Нетанјаху и ултраортодоксните еврејски политичари, кои ја отфрлија идејата дека плукањето е еврејска традиција и верски императив.
Против инцидентот се изјаснија и главниот ашкеназиски рабин на Израел, Дејвид Лау, и министерот за религија, Мајкл Малкиели, од партијата Шас на ултраортодоксните Евреи.
Меѓутоа, военото радио на Израел објави дека голем број млади Евреи поддржуваат таквото однесување.
Ново на Сител
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
-

Се руши дивоградба во Инџиково, сопственикот не го почитувал законот
-

Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
-

Скопје утрово седми најзагаден град во светот, втор во Европа
-

Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
-

Фон дер Лајен: Денеска мора да најдеме решение за финансирањето на Украина
