-->
-->
Во Дојранско Езеро пронајден труп на маж кој се водел за исчезнат
-->
Починато машко лице, кое било пријавено за исчезнато вчера е пронајдено во водите на Дојранското Езеро.
Како што соопшти МВР, во 11:20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското Езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.
- Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат, наведуваат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук