Во Делчево се одржаа 24. „Голачки фолклорни средби“
На летната сцена на Голак настапија 12 фолклорни групи и ансамбли од земјава и од странство, промовирајки го фолклорот, преку кој присутните граѓани имаа прилика да видат шаренило од носии и ороводни и вокални традиции.
- Првпат во својство на градоначалник присуствувам на овие „Голачки фолклорни средби“, каде луѓето доаѓаат од Виница и Делчево на веќе реномираната меѓународна манифестација на која годинава учествуваат 12 културно-уметнички друштва, како од Македонија така и од други соседни земји, прикажувајки ја својата култура и традиција. Освен тоа, овде има многу луѓе кои се и наши иселеници така што овој празник го користат да поразговараат за своите животи и овде, но и во странство, рече Горан Трајковски, кој на сите учесници им додели благодарници.
Во рамки на настапите на фолклорните друштва од Македонија и Бугарија посебен акцент беше ставен на настапот на фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево која доби плакета. Групата годинава одбележува 70 години од своето постоење.
- Прекрасно е да се биде на Голак, на нашиот 70-годишен јубилеј кој го прославуваме. Нашиот настап е дел од кампањата за одбележување на приказната на Копачката, за нејзиниот опстој, за впишувањето во УНЕСКО. И благодарам на публиката која не поддржа во нашите напори за опстојот и одржливоста во УНЕСКО, истакна Перса Стојановска од здружението „Копачка“.
За гостите од странство беше чест да се биде дел од „Голачките фолклорни средби“.
- Одиме често на вакви манифестации, овде повеќе пати доаѓаме, ќе се претставиме со игри од Шумадија. Им благодариме на организаторите кои се покажаа како добри домаќини, рече Даниел Кинишевиќ, претставник на фолклорната група од Рача, Србија.
„Голачките фолклорни средби“ се една од 21 манифестации поддржани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
- Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот првпат оваа година ја поддржува оваа манифестација што се одржува по 24 пат. Ова претставува сериозен сигнал за овој крај на Македонија дека Агенцијата сериозно размислува да го развива како туристичка дестинација, токму преку „Голачките средби“ и останатите сегменти на етносот, убавината и гастрономијата на овој крај. Средбата е на листата на 21 поддржана манифестација во Република Македонија поддржана од АППТ и претставува значаен елемент кој и понатаму ќе се промовира во сите промотивни материјали на агенцијата за 2019/20 година, рече директорот на АППТ Љупчо Јаневски.
Со овој настан беа заокружени дводневните случувања во Делчево, во рамки на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура