-->
-->
Во Бугарија малите ученици се враќаат на училиште на 12 април
-->
Учениците од 1 до 4 одделение во Бугарија се враќаат на училиште на 12 април. Останатите од 5 до 12 одделение ќе продолжат да се враќаат наизменично според распоред, а студентите – само за практична настава, најави министерот за образование на Бугарија, Красимир Валчев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, подготвениот распоред предвидува враќање на учениците од 7, 8 и 10 одделение во училниците од 12 април за две недели. Од 26 април, ако епидемиската состојба во Бугарија дозволи, учениците од 5, 9 и 12 одделение ќе се вратат на училиште. Тие ќе учат со физичко присуство до 14 мај.
Рокот е три недели, бидејќи имаше многу празници поврзани со Велигден, објасни бугарскиот министер за образование Валчев. Учениците од 6, 7 и 11 одделение треба да се вратат на училиште на 17 мај, под услов епидемиолошката ситуација да биде добра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228