Свет
14. October 2017 - 19:48

Во бомбашки напад во Сомалија загинаа 20, а повредени се 15 лица

Најмалку 20 лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на камион-бомба во центарот на главниот град на Сомалија, Могадишу.

- Тоа беше камион-бопмба. Експлодира на раскрсницата К5, изјави полицаецот Мухамед Хусеин.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, но ексстремистичката група Ал Шабаб често извршува бомбашки напади во Сомалија.