Во Битола се одбележува 10 Ноември – Светски ден на науката
Светскиот ден на науката, прогласен од УНЕСКО, годинава се одбележува под мотото „Иднината на науката, технологијата и иновациите – влијание врз образованието, вештините и работата“, а централниот настан во Битола го организира Македонско научно друштво-МНД, каде попладне ќе се одржи научно-стручен собир на тема „Влијанието на пандемијата врз науката, искуства и примери на професионални предизвици во општеството“.
На светскиот ден на науката се нагласува улогата на науката во општеството и потребата да се вклучи пошироката јавност во дебатите за нови научни прашања, релевантноста на науката во секојдневниот живот, како и се поблиското поврзување на науката со општеството.
Со цел граѓаните да бидат информирани за развојот на науката и МНД-Битола подготви фокусиран настан поврзан со посветеноста на науката во општеството, а производ на тој ангажман се 17 научно-стручни трудови од 28 македонски автори кои пишуваат за „Промена на фокусот на научните истражувања во согласност со промените предизвикани од пандемијата со Ковид-19“ на авторите Лидија Стефановска и Менде Солунчевски, „Пандемија со Ковид-19 и ментално здравје“ на авторите Изабела Филов и Мери Џарлиева, „Семејно насилство во време на пандемија“, труд кој го изработија Ангелина Станојоска и Ице Илијевски, „Бенчмаркинг на мерките за справување со пандемијата во Битола и збратимените градови“ на авторките Мимоза Богданоска Јовановска и Искра Танушевска, „Влијанието на пандемијата врз прехранбената индустрија како и навиките за исхрана на потрошувачите“ труд на Невена Груевска, „Зачувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемија на Ковид-19“ од Сашо Кочанковски и Лилјана Кочанковска и други, вкупно 17 научно-стручни трудови.
Светскиот ден на науката УКЛО-Битола ќе го одбележи со формирање на Алумни-клуб во Факултетот за информациски и комуникации технологии-ФИКТ, додека, пак, во Бизнис академија Смилевски во Битола ќе се одржи предавање на тема „Науката за практиката“.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика напреходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
