Во Битола одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври
Општина Битола во соработка со општинската организација на Сојуз на борци го одбележа државниот празник 11 Октомври.
Според востановената традиција, градоначалникот на Битола Наташа Петровска, претставници на општинскиот Совет, Сојуз на борци, претставници на јавниот и политичкиот живот во градот, положија цвеќе пред Споменик на НОБ лоциран пред НУ Центар за култура, пред споменикот на народниот херој Стив Наумов и на партизанските гробишта во Битола.
-Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода, со нашата независност, просперитетот и нашата иднина. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите наши борци кои што ги положија своите животи, токму за нашата слобода. Нека ни е вечен и честит празникот 11 Октомври, истакна градоначалничката Петровска.
Пригодно празнично обраќање во Битола одржа и претседателот на ОО на Сојуз на борци, Александар Трајковски кој потсети дека 11 Октомври е симбол на почетоците на слобода и среќен живот.
-Овој ден за нас е значаен затоа што тоа беше почеток на добивање на слободата, создадовме држава и посреќен живот за идните поколенија, создадовме и целосно подобри услови за живеење, затоа што тоа беше и социјална револуција. Нека ни е среќен и долговечен овој празник, истакна Трајковски.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци