Македонија
10. October 2018 - 14:42

Во Битола формиран Совет за вонолтерство

Советот на општина Битола формира Совет за волонтерство кој ја одржа првата конститутивна седница и за претседател го избра Виктор Илиев, а за негов заменик, Марија Марковска.

Од општина Битола информираат дека станува збор за меѓусекторско тело задолжено за имплементација и следење на стратегијата за развој на волонтерството во општина Битола.

Со конституирање на Совет за волонтерство, во тамошната локална самоуправа се овозможува зајакнување на младинското учество, односно активноста на средношколци и студенти како волонтери, но и препознавање на волонтерскиот труд на локално ниво.