Во Австрија починала Италијанка - сомнеж дека се работи за корона вирус
Синоќа во комплекс апартмани во местото Бад Клајнкирхајм во Австрија, починала 56 годишна Италијанка, за која докторите се сомневаа дека е заразена со новиот коронавирус.
Како што јави дописникот на МИА, докторите од итната медицинска помош веќе земале крв од починатата за анализа, по што ќе може со сигурност да се каже дали била заразена или не.
Комплексот апартмани каде што била Италијанката веднаш е затворен, а на луѓето кои се внатре им е забранет излез се додека не поминат соодветен лекарски преглед.
Според информациите во австриските медиуми, Италијанката изминатите денови имала симптоми на настинка, а во Австрија дошла од Удине.
Австриските власти соопштија и дека се пронајдени сите лица со кој контактирал првиот заразен човек во Инсбург. Бидејќи партнерката на еден од заразените работела на рецепција во хотелот „Европа” во центарот на градот, наредено е привремено затворање на објектот и тестирање на сите вработени.
Австриските медиуми пишуваат дека интересно е што токму во тој хотел пред само една недела престојувале австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерката за правда Маргарете Шрамбек. Сепак, за време на нивниот престој рецепционерката не била на работа бидејќи била во Италија.
Ново на Сител
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки