Во авион од Доха за Атина 12 позитивни случаи на Ковид-19, во карантин 91 патник
Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар.
Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.
Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.
Оваа e пракса во Грција во изминатиот период, со оглед на тоа дека не постои забрана за летови за сите земји.
Од 15 јуни, кога и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција, тестирања ќе се прават само по случен избор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници