Во Анкара протести поради уставните измени
Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови против стотината демонстранти кои протестираа пред Парламентот во Анкара поради планираните измени на Уставот, со кои е предвидено проширување на извршните надлежности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Организатор на протестите е Републиканската народна партија (ЦХП), како и неколку невладини организации и здруженија на адвокатите.
Пратениците во турскиот Парламент во текот на денот ќе почнат расправа за планираните уставни промени. Се очекува амандманите да бидат изгласани бидејќи мнозинство во Меџлисот има Партијата за правда и развој (АКП), а потоа на пролет граѓаните ќе се изјаснат за нив на референдум. За да бидат прифатени, амандманите треба да ги поддржат 330 од вкупно 550-те пратеници во Собранието.
Со уставните промени се отвора патот Ердоган уште двапати да може да се кандидра за претседател на Турција.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред