Во Албанија минатата година биле прислушкувани над 4.000 лица
Во текот на минатата година, по барање на Јавното обвинителство, суските органи донеле одлука за прислушкување на 1.445 албански граѓани, но биле прислушкувани 4.099 лица.
Овие бројки се наведени во годишниот извештај на албаското Јавното обвинителство, што е доставен до Парламентот.
Благодарение на прислушкувањата, биле уапсени 593 лица, осомничени за тешки кривични дела: убиства, трговија со наркотични средства и оружје, корупција и други кривични дела. Во неколку случаи од прислушкувањата се откриени случаи на корупција во кои се вмешани лица кои обавуваат политички функции, пренесуваат албанските медиуми.
Најголемиот број апликации за прислушкување се од Обвинителството за тежок криминал или 859 барања за 164 кривични постапки.
Приоритет на Обвинителството во текот на 2015 година била борбата против корупцијата, каде има раст од 49 отсто.
За кривичното дело „активна корупција на судии, обвинители и други функционери од праосудството“, во текот на минатата година Обвинителството регистрирало седум предмети со девет обвинети. За кривичното дело „пасивна корупција на судии, обвинители и други функционери од правосудството“ обвинителството регистрирало 25 кривични пријави со девет обвинети.
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик