Во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово
Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2020 година имало 138 денови за загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен. Најмногу имало по 28 дена со загаден воздух во јануари и декември, ноември со 27 итн. Јуни, јули и август се месеците кога немало ниту еден ден со отровните ПМ10 честички.Во 2019 година Тетово имаше 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци.
Општина Тетово во изминатиот период нема евидентирано казна за загадување на воздухот, а според инспекторатот немало надминување на дозволените граници кај контролираните субјекти.
-Се вршат постојано соодветни надзори на субјекти за кои има претпоставка дека имаат штетни емисии во воздухот. Казни нема пишано затоа што не се констатирани надминувања кај испустите што ги имаат, поконкретно така е од извештаите од лаборатории што ги имаме. За разлика од пред пет-шест години во Тетово моментално е драстично подобра состојбата со загадување на воздухот, изјави Томислав Јоргушевски,инспектор од Општинскиот инспекторат.
Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички.
Во 2018 во Тетово надминување од над 50 микрограми пи-ем 10 честички на кубен метар имало во 134 денови. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци.
Мониторинг станицата во Тетово работи од април 2004 година со мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10) и други параметри.
Ново на Сител
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд