ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Роберт Алаѓозоски мора да понесат одговорност за стотиците илјади евра истрошени на приватна забава
Зоран Заев залудно потроши стотици илјади евра за еднодневна журка за прослава со која што промената на името на Република Македонија требаше да го претстави како успех, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев и Роберт Алаѓозоски мора да понесат одговорност за стотиците илјади евра истрошени на приватна забава со која што капитулантскиот договор со Грција требаше да биде прославен како победа. Власта наместо расфрлање со парите на граѓаните за скапи журки парите можеше да ги инвестира во нови болници, медицински апарати, школи, студентски домови и други капитални инвестиции. Заев и Алаѓозоски лажат дека фрлиле само 200 илјади евра низ вода. Сумата е многу повисока. Една недела и беше потребна на власта за да смисли лага и да го покрие расфрлањето со парите на граѓаните. Сите обиди за претставување на капитулацијата како победа завршија неславно. Народот ја прочита намерата на власта и го сврте грбот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека народот излезе во масовна поддршка на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, во бројка многу поголема од бројката на посетеност на сите прослави за името во сите 15 града низ државата што ги организираше СДСМ.
-Зоран Заев наместо да ја витка кичмата и да ја понижува државата каде и кога ќе стигне треба да покаже барем малку достоинство. Зоран Заев треба да знае дека не се бакнува пенкало, туку името на сопствената држава, која го одраснала, школувала и на која е премиер. Зоран Заев и СДСМ ја понижија Република Македонија. Државата е со трајно нарушен углед поради аматеризмот и домат дипломатијата на Заев и Димитров. Оваа ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
