ВМРО-ДПМНЕ: Законите не важат за луѓе од власта
Кацарска судството и Русковска обвинителството го допреа дното. Довербата во слугите на Зоран Заев никогаш не била пониска.
Нема човек кој не знае дека правда во Македонија веќе нема. Законите не важат за луѓе од власта.
Заев може да си дели тендери на Вице, Рашковски однапред да кажува кој ќе ги добие милионските набавки во МНАВ, Дудуш може да киднапира и малтретира граѓани, бидејќи тука е Русковска обвинителството и Кацарска судството да ги заштитат. Костадинов може да се слика и да му дава поддршка на рекетарот Боки 13, а Кики и Фрики да бидат заштитени за милионски изнуди бидејќи слугите на Заев во судството се тука за да застанат на страна на криминалот.
Помина цела една година откако Русковска го презема предметот со криминалот во Фондот за иновации тежок милиони евра кои си ги поделија функционери, снаи, свекрви, браќа на послушници на Заев. Година дена Русковска го чува предметот во фиока.
Во фиока се чува и предметот за изборната корупција на Зоран Заев кога повикуваше бизнисмени да им исплаќале пари на граѓаните.
Не се покренуваат постапки за криминалот во Цареви Кули, за криминалот со земјиштето во струмичката касарна, ниту за оддавање државни тајни и прифаќање да нуди поткуп на вселенскиот патријарх.
Затоа Кацарска судството го ослободува во случајот „Поткуп“ каде што цела јавност, освен слугите во судот и обвинителството, видоа како бара „Евро за Вице“.
Селективната правда е неправда. Селективната правда го осоколи криминалот и затоа сме сведоци на најголемиот политичко-медиумско-
Заев и неговите слуги во обвинителството и судството може да се обидат да го штитат криминалот уште кратко, но доаѓаат избори и моментот кога за мафијашкото делување ќе следува одговорност.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците

