ВМРО-ДПМНЕ: Заев врши притисок врз Јавното обвинителството

ВМРО-ДПМНЕ смета дека изјавата на премиерот Зоран Заев со која побара оставка од првиот човек на Јавното обвинителство Марко Зврлевски е пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата, која, како што рече Зоран Илиоски, член на партискиот ИК, треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Заев.
Според Илиески, Заев сакал да стави рака врз обвинителството заради постапките што ги водело тоа, како што потенцира, и за барањето „Поткуп“ и за изборни измами.
- Зоран Заев е исплашен од овие постапки. Зоран Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Струмица. Затоа Зоран Заев сака да стави рака врз обвинителството. Му треба гаранција дека на чело на институцијата ќе застане некој како Катица Јанева, кој нема да се дрзне да постапува против него. Тоа е основната причина поради која што владата вчера отпочна постапка за смена на Јавниот обвинител, рече Илиески.
Втората причина, додаде, е класична одмазда врз институциите кои воделе постапки и против останатите членови на владата на Зоран Заев, кои завршувале и со затворски казни.
- ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците и во судската и во обвинителската фела да не подлегнуваат на притисоците и заканите од СДС. Да работат стручно и професионално исклучиво според Уставот и законите, рече Илиески.
Антиреформите на Зоран Заев, додаде, нема да го подобрат животот на граѓаните, како што нема да го подобри животот ниту личната пресметка на Заев со Обвинителството. - Граѓаните од новата Влада очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните го очекуваат ветениот економски раст од 5 проценти и изградба на нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за брз влез во НАТО и ЕУ кој нема да биде на штета на македонските национални интереси, наведе Илиески на прес-конференција.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
