Македонија
14. December 2019 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не прави ништо за подобрување на квалитетот на воздухот

Денес Заев освен тоа што е премиер на земјата со највисок криминал во Европа, тој е и премиер на земјата со најзагаден воздух во светот.

Зоран Заев е лицемерен и ги манипулира граѓаните. Денес зборува дека чистел за повисока еколошка свест, а веќе четири години е на власт и ништо не направи за подобрување на квалитетот на воздухот и почиста животна средина.

За каква еколошка свест зборува Заев, кога Струмица, каде што тој беше градоначалник 3 мандати руши рекорди во загаденост!?

Откако Заев е премиер Скопје е постојано на листата со најзагаден воздух во светот, а не многу подолу е и Куманово и Битола.

Зоран Заев го направи најголемиот буџет во историјата на Македонија, а средства одвоени за екологија се најниски до сега, пониски и од тие од времето на комунизмот.

Заев е премиер на кој му се случи хаваријата во ОХИС и низа други еколошки катастрофи. Заев е на власт веќе 4 години, а се однесува како да е член на невладина организација, а не 4 години премиер.

Лицемерието на Заев нема граници. Чистењето како денес нема да го спречи загадувањето, ниту ќе допринесе за почиста околина, има институции кои тоа треба да го прават секојдневно и за тоа земаат плата.

Хигиената нема да се подобри со еднократни акции каде се злоупотребува администрацијата и со сила се тера на акција. Туку со систематски мерки какви што до сега немаме.

Самиот факт што Македонија тоне во смет и се гуши во загаден воздух е една од милион причини поради кои Заев си заминува на 12 април.