ВМРО-ДПМНЕ: Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во Владата, со кого се сретнал и за што е разговарано?!
Зоран Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во владата, со кого се сретнал и за што е разговарано?!
Сите видовме како функционери и коалициони партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали.
Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во владата, за што е разговарано, дали можеби е зборено за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев?!
Јавноста заслужува да знае!
Дополнително Заев мора да одговори, дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал?
Дополнително зошто и кој дал наредба Пекер да добие полициско обезбедување и коли со флешери, како да се работи за странски државник од највисок чин, а не за криминалец?!
Заев може да молчи, но одговори на овие, и на многу други прашања мора да даде, дали сега, или за некое време сеедно, но одговори, а и одговорност ќе има.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
