ВМРО-ДПМНЕ: Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии
Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии.
СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати во јавниот сектор и пензии.
ВМРО-ДПМНЕ предлага покачување на пензиите за 20%, со тоа пензионерите ќе се заштитат од економскиот удар и покачените цени.
Ковачевски бега од Декларацијата за Гоце Делчев, СДСМ ги минира македонските црвени линии со тоа што не се откажува од заевизмот.
Ковачевски да не бега и да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев. Доколку Ковачевски стои зад македонските црвени линии, нема причина зошто да бега од Декларацијата.
Тоа што Ковачевски бега од Декларацијата покажува дека тој не е сигурен во себе, и во тоа што преговара. Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата.
Време е СДСМ и Ковачевски да дојдат со народот, наместо да стојат наспроти него. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално обединување кога се во прашање државните и национални интереси и нивна заштита.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес