ВМРО-ДПМНЕ: Во недостаток на свои идеи и решенија поврзани за воените лица, СДСМ се фалат со туѓи
Во недостаток на свои проекти и решенија поврзани со прашањата на стандардот на воените лица, очајни од сознанието дека ништо не направиле за војската, а се ближат избори, СДСМ се принудени да се фалат со туѓи проекти и решенијата на проблемите да ги присвојуваат како свои.
Денеска државниот секретар на Министерството за одбрана Драган Николиќ промовираше мерка која владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја наметна како законска обврска на Министерството за одбрана уште во 2014 година, додавајќи ги членовите 40-а и 40 -б во измените на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија.
Измените се објавени во Сл. Весник бр. 29 од 6.02.2014 година и со тоа објавување решавањето на статусот на професионалните војници после навршување на 45 години стана обврска. Во оваа прилика сакаме да му заблагодариме на актуелниот претседател на комисијата за одбрана на СДСМ и актуелен државен секретар на Министерството за одбрана што ни дава прилика да ги потсетиме војниците од оваа целна група за тоа кој ја стави оваа обврска во закон.
Воедно го охрабруваме Николиќ како државен секретар да се заложи за подобрување на стандардот на вработените во Министерството за одбрана и Армијата и да се избори да престане дискриминаторскиот однос кон цивилниот персонал и за дел од воениот персонал.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција