ВМРО-ДПМНЕ: Во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име
Заев кажа, Заев излажа. Аболицираниот Заев говореше дека не се родил Македонец кој би го променил Уставот со цел промена на уставното име. Излезе дека таков антимакедонски лик се родил и во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Истиот тој Заев спротивно на волјата на граѓаните, со закани и уцени ги протурка уставните измени и го промени уставното име на државата. Не само што го промени името, го промени и идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и народ. Со други зборови се откажа од се што е македонско. Иако во кампања тој се колнеше во своите предци и идни поколенија дека не помислува на ваков капитулантски чин, кога ја превзема власта за спас на својата бедна политичка кариера ги продаде националните и државните интереси, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека лагите на Заев се црнила за граѓаните.
-„Поетот“ Заев не така одамна говореше и за македонска жица која доколку се скинела тој „изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жица“. Сега кога сам ја искина македонската жица трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен. Лагите на Заев се црнила за граѓаните, секоја една лага секое едно неисполнето ветување значи црнила за македонскиот граѓанин. Тој самиот е олицетворение на црнилата кои надвиснаа над нашата држава. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, зората ќе ги порази црнилата. На следните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе одлучат дали се „ЗА“ понижена Северна Македонија или „ЗА“ напредна и успешна Република Македонија, се наведува во партиското соопштение.
Ново на Сител
-
Санкционирани 105 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон
-
Гувернерот на Јута вели дека мотивот за пукањето во Кирк е сè уште нејасен, но осомничениот имал левичарски ставови
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата
-
Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје