ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја зароби државата, економијата е забетонирана на нула
Владата на СДСМ ја зароби државата, стагнацијата на економијата е главен индикатор дека власта не прави ништо за подобрување на стандародот на граѓаните. Економијата е забетонирана на нула. Нема раст, нема развој, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека раст на платите нема. Има само промена на статистичката методологија. Доколку навистина се качуваа платите, барем некој освен функционерите на власта, ќе живееше подобро.
-СДСМ за само два ипол месеци го задолжи секое семејство со нови 1.200 евра долг, кој со камата ќе треба да го враќаат идните генерации. Додека државата се задолжува со милиони, реализацијата на капитални инвестиции во првите три месеци од годинава изнесува едвај 4%. Ова е показател дека економијата со СДСМ оди кон безизлезна ситуација. Економијата е погодена од економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев. Градежништвото е во слободен пад од 20%. Инфраструктурните проекти почнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ без причина се стопираа, а ништо ново не почна со градба, реагираат од партијата.
Власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, која најавуваше инфраструктурен бум се соочува со целосен инфраструктурен застој.
-Време е СДСМ да ги тргне розевите очила и да се соочи со реалноста. Граѓаните немаат подобар стандард, ниту повисоки плати. Граѓаните не живеат подобро, туку полошо, се наведува во партиската реакција.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
