ВМРО-ДПМНЕ: Владата и СДС го ставија буџетот во алатка за партизација на државата
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека е се поочигледно дека Владата и СДСМ не се грижат за граѓаните и дека го ставиле буџетот во улога на алатка за партизирање на државата.
- Со новиот буџет кратат средства за капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување на платата за 5 проценти за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, веќе била видлива нивната неспособност и потреба за расипништво бидејќи преку ребалансот на буџетот предвидуваат дополнителни средства за, како што велат, вдомување на партиски војници и шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДСМ, која, посочуваат, пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта.
- Ова само најавува дека најмалку стотици милиони денари, пари на граѓаните ќе се плаќаат нивните партиски војници. Токму затоа во предложениот ребаланс на буџетот се предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра повеќе од планираното. Токму затоа во ребалансот на буџетот нема пари за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. СДС ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист. За сето ова ќе има одговорност, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО
-
Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино