ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги прифати барањата на синдикатите и да ги покачи платите на наставниците
Владата наместо притисок врз синдикатите, да ги прифати нивните барања и да ги покачи платите на наставниците.
Владата нема слух за наставниците и се обидува да манипулира дека нема пари во буџетот.
Ако нема пати во буџетот, тогаш како имаше за тендерите за софтвери за Драги Рашковски од над 15-тина милиони евра?
Ако нема пари во буџетот тогаш како имаше за физибилити студијата за продажба на Пошта на Мухамед Зекири од скоро 1 милион евра?
Ако нема пари во буџетот, тогаш како имаше за тендерите во РЕК за механизација, за повторно на крај да останеме без јаглен?
Ако нема пари, тогаш како имаше за тендерите во здравството како што беше обидот за набавка на вакцини со провизија за Филипче и Заев?
Ако нема пари, тогаш како имаше за кафиња, цвеќиња, виски и други непродуктивни работи низ државните институции?
Или има пари за тендери и криминал, но нема за наставниците? Пари во буџетот има, само функционерите на СДСМ треба да престанат да крадат, и покачување може да има.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз