ВМРО-ДПМНЕ: Верувале или не, омилената директорка на Груби платила 600 илјади евра за комбе
Полека но сигурно се открива октоподот од фирми, функционери и ликови околу Артан Груби. Затоа Груби е толку нервозен и затоа се заканува и навредува. Но граѓаните веќе не му веруваат. Груби е прочитан буквар, ама затоа од скандалие врзани за неговото име може да се напише книга со обем на “народен кувар“.
Последниот во низата на скандали кој ВМРО-ДПМНЕ го обелодени е повторно врзан со Мерита Мустафи, директорката од Бирото за метрологија. Тоа е истата онаа директорка која и даде акредитација на компанијата во сопственост на лицето кое работело како шалтерски вработен во семејната туристичка агенција на Груби. Тоа истата таа која има непријавена хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2. Мерита Мустафи очигледно е човек од доверба на Груби.
Верувале или не, токму омилената директорка на Артан Груби платила 600 илјади евра за комбе.
Мустафи од Бирото за метрологија во 2019 година набавила подвижна лабораторија по цена од 600 илјади евра, три пати повисока од цената по која иста таква лабораторија од истата компанија му била понудена на Државниот пазарен инспекторат. Дополнително оваа подвижна лабораторија се покажала како нефункционална и нејзината опрема била извадена и стационирана во објектот на институцијата. Со други зборови преплатила по изгор скапа цена подвижна лабораорија, за да после од опремата направи фиксирана лабораорија. Откако ја извадиле опремата испаѓа дека Мустафи платила 600 илјади евра за комбе. Но Мустафи очигледно се охрабрила од ваквата скандалозна набавка, а можеби имала и директна заштита од Груби, па во 2022 година реализирала уште две сомнителни набавки, и тоа опрема за испитување на мазут од 416 илјади евра, и опрема за верификација на гас од над 1 милион евра.
За три години директорката од Метрологија, Мерита Мустафи, блиската соработничка на Груби, потрошила неверојатни 2 милиони евра за три сомнителни набавки. ДКСК и ОЈО треба да се позанимаваат со овој скандал, бидејќи може токму тука се крие и одговорот на тоа како е изградена хациендата на Попова Шапка која се крие во анкетниот лист.
Центар за комуникации со ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
