ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да облече бел мантил и да им помогне на неговите колеги здравствените работници
Состојбата со корона вирусот во Република Македонија ескалира поради неспособноста на власта се да справи со оваа ситуација.
Бројот на заразени и починати лица од корона вирусот секојдневно расте.
Според последните податоци во Македонија од корона вирус се заразени 760 лица, од кои 41 лице е излечено, додека 34 лица се починати.
Статистиката покажува дека дури 60тина здравствени лица се заразени од Ковид-19 и тоа само поради недостаток на заштитна опрема, медицински ракавици, маски и скафандери.
Наместо Венко Филипче да глуми портпарол држејќи прес конференции и да пишува статуси, обвинувајќи ги другите за неговата неспособност да го облече белиот мантил и да им помогне на неговите колеги здравствените работници.
Доколку владата и министерствптп за здравство навистина се грижеа тогаш наместо да носат уредба со законска сила за исплата на платите на Специјалното јавно обвинителство кое што се покажа како најкорумпирана институција, ќе донесеа уредба за парична награда на здравствените работници кои што се во првата борбена линија за спречување на ширење на корона вирусот.
Потребни се итни мерки за спас на здравствениот систем од колапс, за спас на економијата за спас на Република Македонија. Македонија и граѓаноте повеќе немаат време за чекање.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе предложи уредба до владата на Република Македонија за испалата на парична награда за сите здравствени работници кои што се вклучени во заштита на здравјето на граѓаните и борба против корона вирусот.
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите