ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави - оставка веднаш
Спасовски пред еден месец не убедуваше дека “истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби“, а денеска имаме само хаос, паника, закани и нови дојави, ОСТАВКА ВЕДНАШ
Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави.
На 16ти ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните.
Пораки кои се испраќаат се застршувачки со предупредување дека ќе се разнесат сите, а МВР се уште нема конкретни информации кој се заканува.
Исто така, апсурдни се изјавите и фалбите на Спасовски дека безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индиции за нарушување, дека реформите во безбедносните служби се успешни, а од друга страна се уште нема разрешница на целиот случај.
Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина.
Вистинските прашања за кои Спасовски треба да даде одговор, наместо да води политиканство се:
-До каде е истрагата и зошто се уште нема одговорност, и
-што уште треба да се случи за Спасовски и институциите да почнат да работата?
Дојавите за бомби го девастираат целиот безбедносен систем и се доказ дека институциите во државата под раководство на СДС, Спасовски и Ковачевски, не функционираат.
Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а Спасовски наместо да ги открие сторителите, се уште не убедува дека се е под контрола.
Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега.
Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните.
Безбедноста на граѓаните мора да биде пред и над се.
Ова мора да има крај.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
