ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да игра улога на портпарол на СЈО
СДСМ и понатаму продолжува да игра улога на портпарол и адвокат на Специјалното јавно обвинителство и на Катица Јанева, се вели во пишаната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се посочува, нималку не е изненадена што пратениците од СДСМ продолжуваат и дополнително ја охрабруваат Јанева да продолжи со непочитувањето на својата законска и уставна обврска, со газењето на Уставот, со игнорирањето на законодавниот дом и пратениците, со омаловажувањето на институцијата Претседател на Република Македонија, како и со непризнавањето на Уставниот суд и ред други државни институции.
- СДСМ повторно на дело ги покажува своите двојни аршини. Имено, тие во јавноста постојано се претставуваат како борци за демократски вредности, транспарентност и одговорност пред македонските граѓани, а од друга страна го оправдуваат непојавувањето на Катица Јанева во Собранието на Република Македонија со што попречуваат пратениците и целата македонска јавност да дознаат што и како работи Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, се вели во реакцијата.
Воедно, се посочува, дека ваквата состојба им одговара само на СДСМ и на Јанева и прашуваат што сакаат тие да сокријат од македонската јавност.
- Како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикуваме Јанева да се извини на целокупната македонска јавност за скандалозната изјава и истовремено повторно упатуваме јавна покана до Катица Јанева да ја испочитува својата законска и уставна одговорност и да дојде во Собранието на Република Македонија да даде одговори за своето работење пред пратениците и јавноста, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура