ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја втурнаа државата во политичка и правна криза
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието го прекршиле Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и за тоа, потенцира, мора да сносат одговороност.
- Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранската платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, четири дена молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.
- Заев очигледно ужива кога го навредува Македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби. Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град. Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа. Граѓаните, порачува партијата, сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот.
Ново на Сител
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар
-
Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци
-
Германската полиција застрела вооружен маж