ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари
СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине.
Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт.
Со намалување на акцизата за 50% граѓаните ќе точеа горива по разумни цени, а индустријата и земјоделците ќе имаа помали трошоци на производство.
Но наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие излегоа со половично решение за намалување од 30%, кое е врзано со цената на суровата нафта на светските берзи.
Дополнително за да биде очајот поголем веќе два дена се фалат со намалување на цената на горивата кое е исклучиво резултат на падот на цената на нафтата на берзата, а не резултат на Ковачевски и СДСМ.
Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот