ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги остави банките и медиумите на мира

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го осуди, како што беше наведено, денешниот срамен обид на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на СДСМ да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели.
- Го осудуваме обидот на Заев и СДСМ да ја укинат и слободата на деловно одлучување со закани и предупредувања кон банките кои учествуваа во аукцијата на државните записи, изјави пратеникот Александар Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ побара Заев и СДСМ да ги остават банките и медиумите на мира и да престанат со заканите кон секој што не ја дели нивната визија за Македонија која, според Николоски, може да се сублимира во еден збор - деструктивност.
Заев и СДСМ, како што рече тој, денеска манифестирале невидена дрскост и деструктивност, немање основен демократски и плуралистички капацитет. Тие, според Николоски, се обидоа да ги казнат земјоделците, пензионерите, социјалните случаи и другите категории на граѓани преку директно мешање во деловната политика на банките.
- Тие им се заканија на банките дека мора да го следат диктатот од Бихаќка бидејќи партијата имала во иднина и други механизми како да влијае врз нивното работење. СДСМ функционира единствено со максимата „колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за СДСМ“, рече Николоски.
Македонија, како што истакна тој, е четврта најниско задолжена земја во Европа и пред изборот на техничкиот заменик - министер во Министерството за финансии од СДСМ не постоеја никакви проблеми при исплатата на обврските на државата кон сите групи на граѓани.
Николоски смета дека Заев и СДСМ денеска ги открија намерите за Законот за медиуми и оти посочија оти медиумите биле нивни непријатели и затоа партијата одлучила дека треба да се пресмета со нив.
- Заев и СДСМ имаат уште само 144 дена да се скараат со целиот свет и со самите себе, како што се скараа со банките, медиумите и уште многу други институции, домашни и светски, рече Николоски. На 24 април деструктивноста на СДСМ ќе биде казнета.
Ново на Сител
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
