ВМРО-ДПМНЕ: СДС очајно се обидува да го спаси судијата Пајазити
СДС на јавноста и презентира наоди за случајот со Блерим Рамадани ни помалку ни повеќе во прашална форма.
Ова зборува само едно дека лажат и ловат во матно.
Јасно е дека со ваквиот настап СДС се обидува на било кој начин да го заштити судијата Пајазит Пајазити.
Токму овој судија е причина за случајот со Рамадани. Овој судија наместо да одреди ефективен притвор за Рамадани, тој одреди домашен притвор. Да изречеше ефективен притвор Рамадани ќе беше во КПУ Скопје или затвор познат како Шутка. Оттука Пајазит Пајазити е судија кој е одговорен за бегството на Рамадани.
СДС дополнително сакаат да прикријат скандал за кој се виновни токму тие. Или станува збор за фактот дека двајцата избегани од затвор, а приведени за убиството кај Мавровка се избегани во време кога СДС и ДУИ беа на власт.
СДС очајно се обидува да го заштити судијата Пајазити.
СДС сака да создаде хаос.
Пораката сега е јасна, институциите постапуваат навремено, а одговорност ќе има за секој кој го прекршил законот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред