Македонија
17. November 2021 - 8:45

ВМРО-ДПМНЕ: РКЕ работи со само еден блок и е на раб пред гаснење со производство од 100 MW

РЕК со Заев е пред колапс, работи само еден блок, и е на раб пред гаснење со производство од само 100 MW.

Веќе подолг период РЕК е нефункционален. Власта не знае да го работи комбинатот, кој во последните неколку дена работи и се одржува за да не згаснат печките. Неколку дена по ред се произведуваат струја што е еквивалент на 15% на вкупните можности.

Струја во РЕК не се произведува затоа што не се инвестираше во производствените капацитети, а нема ниту јаглен затоа што не се инвестираше ниту во нови машини и механизација.

Државата е принудена заради лошиот менаџмент на Заев да купува струја ден за ден, по екстремно високи цени кои достигаат и до 250 евра за мегават час, што е и до 5 пати повисоко од производствената цена на струјата доколку таа се произведеше во домашните капацитети.

РЕК ќе работеше и ќе имаше струја, ако власта на чело со Заев не го користеше претпријатието за црпење на пари преку матни тендери, од кои ќар имаа само Вице и нему блиските.

Народот страда затоа што Вице и луѓето околу него делеа тендери. А, за тоа главен виновник е Заев и затоа треба час поскоро да си замине. Само брзи избори и нова влада се решение за проблемите во кои државата ја заглавуваат од ден во ден.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ