ВМРО-ДПМНЕ: Рама лаже дека сме ја прифатиле тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама дека целосно ја прифатиле тиранската платформа и го осудува неговото, како што велат, континуирано мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
- Целосна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило тиранската платформа. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту некогаш преговараше, ниту се согласи со тиранската платформа. Очигледно е дека Еди Рама со пласирање на ваквите лаги сака да ја релативизира опасноста од тиранската платформа и сака да отвори простор неговиот истомисленик Зоран Заев да ја реализира што поскоро, се вели во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.
Албанскиот премиер, се додава, освен што се меша во внатрешните работи на Република Македонија, со своите последни изјави за сојузи на балкански држави предизвикува и подгрева поширока дестабилизација на Балканот и ги повампирува идеите за големи држави, што е директно спротивно на европската перспектива на земјите од овој дел од Европа.
- Еди Рама е човекот кој срамно и недолично во интервјуа ги навредува Македонците нарекувајќи ги славомакедонци. Еди Рама е човекот кој постојано ги подгрева страстите во земјава изјавувајќи дека имало 35 отто Албанци, а при тоа го негира мултиетничкиот карактер на државата. Тој е подготвен на се во пресрет на домашните избори што го очекуваат не водејќи сметка веќе ниту што зборува, ниту каква штета прави за регионот и добрососедството со својата националистичка и ксенофобична реторика, се посочува во демантот од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека изјавите на Рама се спротивни на европските вредности и принципите на неменување на границите и градење партнерски односи помеѓу балканските земји.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
