ВМРО-ДПМНЕ: Просечната плата во февруари е помала за 867 денари

Криминалниот картел кој ја води Република Македонија на чело со Зоран Заев ја урнисува државата. Платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Просечната плата во февруари е помала за 867 денари од платата во јануари.
Еден месец траеше вештачката еуфорија на картелот на власт во врска со висината на просечната плата. Просечната плата која во јануари беше 24.025 денари, во февруари е 23.158 денари. Тоа е пад за 3%.
Пад на платите бележиме во повеќе сектори. Во неколку од најдоходовните сектори во стопанството платите паѓаат.
Во секторот рударство, во кој се вработени над 13.000 граѓани платите се пониски за 9.9%. Падот на платите во секторот за снабдување со електрична енергија, во кој се опфатени над 10.000 работници е 6.3%, додека во секторот транспорт во кој се вработени околу 40.000 вработени платите бележат пад од 11.7%. За 6.11% се помали платите во секторот земјоделие, сектор кој опфаќа околу 140.000 луѓе. Додека пад од неверојатни 26.4% бележат платите во секторот уметност, забава и рекреација, кој опфаќа околу 10.000 вработени.
Ова ли е животот кој го ветуваа? Државата стагнира, економијата буквално тоне. Платите на граѓаните во просек се пониски за 867 денари, додека во круцијалните сектори кои се столбови на економијата падот е и многу поголем.
Наместо креирање на позитивна бизнис клима и подобри даночни политики, криминалниот картел на власт ги покачува даноците и наместо транспарентно работење за 1 година склучи десетина милионски договори во четири очи, со фирмите блиски до нив.
Додека платите паѓаат, трошоците за живот растат. Даноците се покачуваат и животот е се поскап. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев ја уништува државата.
Овој криминален картел не знае да работи, ја води државата во стагнација, а граѓаните во беда. Република Македонија не може да продолжи по овој пат. Државата и граѓаните заслужуваат многу подобро. Доаѓа нова надеж за Република Македонија!
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
