ВМРО-ДПМНЕ: Приведувањето наши пратеници и членови обид за замолкнување на опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на приведувањето на пратеници нивни членови и поранешни функционери на партијата во врска со настаните кои се случија на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, оценувајќи го како обид за замолкнување на опозицијата.
- ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците, стои во соопштението од партијата.
Според неа, денешниот упад и приведувањето на нивни функционери се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против, како што велат, сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.
- Во момент кога Владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата
-
Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица