ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе биде задоволена кога ЈО ќе се откаже од монтираното и апсурдно обвинение за „тероризам“
Деведесет дена, притворот на патриотите, на луѓето кои неизмерно си ја сакаат Република Македонија e користен како казна без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка. Актери, режисери, оперски пејачи, архитекти, доктори, припадници на безбедносните сили и други патриоти беа прогласени за терористи со што станавме една држава со најмногу терористи по глава на жител. Јавното обвинителство и судот се впуштија во овој класичен политички монтиран процес без правни аргументи, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, притворените не сториле терористички акт. Притворените не може да повторат дело што не го направиле. Тие немаат причина да влијаат на истрагата, а најмалку планираат да ја напуштат Македонија. Тоа се луѓе кои имаат семејства, родители и пријатели и целиот свој живот придонесувале за татковината.
„Судот и јавното обвинителство мора да престанат да се однесуваат на овој начин кон патриотите. Повеќе не смее да биде одобрено ниту едно барање за притвор без разлика дали ефективен или куќен. Досегашното постапување на обвинителството покажа дека се работи за монтиран процес чија цел е политички прогон и тортура врз сите оние кои не размислуваат исто како СДСМ и Зоран Заев. Фактот што жалбите кои беа поднесени се разгледуваа и усвоија дури после 25 дена од изрекувањето на 30-те денови притвор е повеќе од доволен доказ на политичка позадина и за користењето на притворот како казна“, велат од партијата.
Според нив, правдата ќе биде задоволена тогаш кога ЈО ќе се откаже од монтираното и апсурдно обвинение за „тероризам”. „Република Македонија со години се стреми да биде членка на ЕУ и НАТО. Со вакво функционирање на правосудните органи овие институции од ден на ден стануваат се поодалечни. Во Македонија мора да се врати правната држава и да се вратиме на патот на ЕУ и НАТО. Политичкиот прогон во Македонија мора да запре, судството мора да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството да запре со монтираните неосновани обвиненија“, велат од партијата.
Ново на Сител
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
