ВМРО-ДПМНЕ: Од буџетот за еден месец се платени 20 милиони евра за купување струја заради неспособноста на Заев
Заев купува струја за 5.5 милиони евра, тајно без никој да знае.
26.000 мегавати струја е купена за 5.5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен.
Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја.
Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК.
На државата буквално и се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред.
Заев ја турна Македонија во криза, и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани
-

Руската воздушна одбрана собори 64 украински дронови над 10 руски региони
-

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести
-

Дел од Карпош без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
