ВМРО-ДПМНЕ: Наумов го оттргнува вниманието од криминалот на Заев

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на прес-конференцијата на Кире Наумов од СДСМ вели дека нему му припаднала срамната задача да го оттргне вниманието од криминалот на Заев.
- СДСМ кој е во заложништво на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Кире Наумов во повеќе наврати и нанесоа економски штети на Република Македонија. Предизвикаа криза со која направија потенцијалните инвеститори да се чувствуваат несигурни. Ширеа лаги и невистини за наводна девалвација плашејќи ги граѓаните кои почнаа да ги повлекуваат заштедите и им нанесоа финансиска штета тешка милиони евра. Сега преку своето деструктивно однесување се обидуваат да спречат Република Македонија да дојде до финансиски средства надевајќи се дека ќе ги блокираат исплатите на плати, пензии, социјална помош или инвестирањето во нови училишта, градинки, болници и инфраструктура, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека граѓаните, а не криминалците од СДСМ се оние кои кажуваат кој има легитимитет да ја води Македонија, а кој нема легитимитет да зборува за економија.
- Граѓаните знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Република Македонија ќе продолжи да биде меѓу најниско задолжените земји во Европа, а буџетот нема да завршува во приватни џебови туку ќе се отвораат нови работни места и ќе се реализираат илјадници проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
-

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад
-

Без струја дел од општина Кисела Вода
