ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести
Единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести повеќе не е во фунција, а тука се третираа најтешките педијатриски случаи од целата држава.
Тука се хоспитализираа најмлади пациенти за кои е потребна изолација и хоспитализација – деца со тешки инфекции, ургентни состојби во педијатријата, меѓу кои и стрептококен токсичен шок синдром, високо вирулентен сој на стрептокок кој во повеќе земји е со доста летални исходи.
За оваа алармантна состојба, здравствени работници реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме до здравствените власти за итно преиспитување на одлуката со која е укинат единствениот Детски ургентен центар, отворен токму за оваа фунција со најсовремена опрема, со помош на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а донацијата беше исклучиво за оваа намена – Ургентен детски центар единствен во државата во јавното здравство и ова повеќе не фунционира.
Огромен проблем на Детската клиника е и континуираниот одлив на кадар, со акцент на медицински сестри со што се доведува во прашање фунционирањето на оваа здравствена установа каде се третираат најтешките случаи од целата држава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар