ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија благодарение на оваа криминална влада
Повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија благодарение на оваа криминална влада.
Секогаш кога СДСМ ќе се соочи со фактот дека граѓаните живеат во беспарица и осиромашуваат се вадат на укинувањето на радиодифузната такса.
Мерката поврат на 15 отсто ДДВ којшто го најавуваше СДСМ е уште само една од нивните лаги со коишто се служат секојдневно. Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината.
Лицемерно е СДСМ да се фали дека работи во доменот на социјална заштита. Ако навистина тие се грижиеа за оваа категорија на граѓани пратеничката група на СДСМ немаше да ги одбие амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ кои предвидуваа да им се помогне на најзагрозените семејства во Македонија.
СДСМ и Николовски единствено нешто што направија за земјоделците е тоа дека ги понижија и излажаа земјоделците. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.
На Македонија потребни и се промени. Промените ќе се случат кога аболицираниот Заев и неговата криминална влада ќе си заминат од власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски