ВМРО-ДПМНЕ: Македонија прва по смртност во регионот од КОВИД-19
Власта да се грижеше за здравјето на граѓаните, Македонија немаше да биде прва по смртност во регионот од КОВИД-19
Заев и Филипче да се грижеа толку за здравјето на граѓаните немаше Македонија да е на прво место по смртност во регионот.
Владата да се грижеше за ситуацијата со КОВИД-19 немаше здравствениот систем да е пред колапс.
Уште не е започната сезоната на грип, Македонија веќе има наплив на новозаразени од корона вирусот.
Ако состојбата е алармантна денес, што може граѓаните да очекуваат за месец или два?!
Македонија е единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус.
Бројката на новозаразени не се намалува туку расте од ден во ден, и секој ден сме соочени со нов пик.
За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност.
Ново на Сител
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин